Tuesday, June 30, 2015
КРВЕН ПРИТИСОК И ЦРЕВНИ ВИРОЗИ НАЈЧЕСТИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ КАЈ КАВАДАРЧАНИ
Иако има зачестена промена на температурата и времето е променливо, генерално кај кавадарчани не се бележат некои посебни здравствени проблеми, велат од Итната медицинска помош при Здравствен дом Кавадарци.
„Најчесто пациентите се соочуваат со проблеми во крвниот притисок, негово варирање, зачестија цревните инфекции кои се проследени со пролив и повраќање, во овој период има многу алергии, како кожни, така и респираторни. Од жешкото време има и колапси. Состојбата со срцеви и мозочни удари е константна“ ни рече д-р Антоан Паракеов, началник на итната медицинска помош во Кавадарци.
Тој апелира граѓаните да бидат внимателни во делот на хигиената. Редовно да се мијат рацете, пред консумација овошјето и зеленчукот да бидат добро измиени со млаз на вода. Да се внесуваат повеќе течности, да се избегнуваат алкохолни и кофеински напитоци. Хронично болните редовно да ја земаат пропишаната терапија од матичните лекари.
Од општа болница Кавадарци добивме информација дека исто така нема зголемен обем на работа, споредено со редовното работење. Досега биле третирани двајца пациенти каснати од змија. Директорот на болницата, д-р Орце Ангеловски вели граѓаните се внимателни, иако е зголемен бројот на змиите ова лето.
Од директорот на Здравствен дом Кавадарци, д-р Никола Трендафилов добивме информации дека покрај тоа што 24 часа работи итната медицинска помош во Кавадарци, екипи на Здравствен дом покриваат и дежурства на автопатот Демир Капија- Гевгелија, заедно со колегите од Неготино и Валандово, а исто така имаат и пункт на границата каде се вакцинираат мигрантите кои влегуваат во земјава.

Monday, June 29, 2015
ПРЕТСТАВИТЕ "ЛАЗО" И "СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ" ПРЕД КАВАДАРЕЧКА ПУБЛИКА
Театарот при Домот на културата од Кавадарци по подолго време, а по барање на публиката, ќе ја изведе претставата "Лазо".
Во среда, на 1 јули 2015, со почеток од 20.30 часот, во салата на Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, ке игра театарската претстава “Лазо“... Ова е своевидно враќање на репертоарот на оваа хит претстава и претставува ретка можност да се погледне.
Влезниците ќе бидат во продажба два часа пред почетокот на претставата ( од 18.30 до 20.30 часот) на билетарата на Домот на културата.

ХУМОР: Нездрава свадбена веселба во Саудиска Арабија
Нездрава свадбена веселба во Саудиска Арабија
Вистинското славење почнува на 50-та секунда. Ненормални!
ЛЕК НА СТАРИТЕ МОНАСИ: ЛИМОНОТ И ЛУКОТ ПРАВАТ ЧУДО
Овој рецепт е пронајден во еден древен манастир во Тибет напишан на глинени плочи.
Запишан е пред повеќе од 2.000 години, а подготвениот напиток лечи холестерол, дијабетес, ја чисти крвта и го зајакнува имунолошкиот систем. Исто така, спречува појава на тумори, значително го подобрува видот и го подмладува организмот.
Потребно е ситно да исецкате 300 гр лук и да го помешате со 1 кг лимони, кои претходно ќе ги сомелете во машина за мелење месо.
Добиената смеса ставете ја во сад на оган и прелијте ја со 1,5 л вода и оставете да се вари на тивок оган околу 15 минути. Потоа садот тргнете го од оган и оставете да се олади.
Ставете ја добиената смеса во стаклена тегла обложена со алуминиумска фолија.
Земајте по една супена лажица од лекот секое утро на празен стомак, 25 дена.
Потоа направете пауза од 10 дена, па повторете ја постапката.

ОСНОВНИОТ СУД ВО ВЕЛЕС ПРЕСУДИ: ОСУМ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА БЛАЖЕ БАЛОВ ОД КАВАДАРЦИ
Блаже Балов (20) од Кавадарци доби осум месеци затвор за сообраќајка во која, под дејство на алкохол, со неговиот автомобил удрил во пет лица, од кои две биле потешко повредени.
Обвинетиот Балов пред судијата го признал кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и, по признанието, изречена му е казната затвор. Според обвинението, Балов на 1 мај минатата година, во 18 часот и 45 минути, во близина на градските гробишта во Кавадарци го управувал неговиот автомобил "мерцедес" под дејство на алкохол, со измерени 2, 34 промили во крвта, и со брзина од 93,3 километри на час, која била двојно повисока од дозволената на тоа место. Во еден момент изгубил контрола над возилото и преминал на левата коловозна лента.
Притоа удрил во две возила кои доаѓале од спротивниот правец, а од ударот пет лица биле повредени. Освен затворската казна од осум месеци, на обвинетиот Балов му е изречена забрана за управување возило во траење од 18 месеци, при што времето минато во затвор не се смета во оваа забрана. Тој изразил каење за стореното, а оштетените побарале условна затворска казна за возачот, кој со возењето над дозволената брзина и под дејство на алкохол ги довел во опасност нивните животи. (П.П.)
Превземено од vest.mk

Friday, June 26, 2015
И ОВА ГО ИМА НА БАЛКАНОТ – СРБИН ГО ЧУВА КОЊОТ НА БАЛКОН
Некои луѓе навистина премногу си ги сакаат своите миленичиња, а еден Србин го докажа тоа чувајќи го својот коњ на балконот од станот во кој живее
Фотографијата стана хит на социјалните мрежи, а направена е во Земун.

ТРЕБА ЛИ ДА СЕ ДОЗВОЛИ КАВАДРЦИ ДА НАЛИКУВА НА ДИВИОТ ЗАПАД !!!
Saturday, June 20, 2015
НАТАША МАЛИНКОВА: ЛЕТЕН ХИТ И СПОТ
Наташа Малинкова максимално
и се дава на музиката. Веднаш по фестивалот промовира
уште еден нов сингл „Едно си ти, друго сум јас“, за кој снимаше и спот.
Авторскиот дел повторно е дело на нејзиниот долгогодишен соработник Столе Аврамов, додека видеото е
реализирано во преубавиот Охрид од „Sky Eye“ продукција.
Во врска со многуте новитети кои ги има зацртано во својата агенда, Наташа најавува, работа, само работа и многу изненадувања за публиката.

ПОДУЧУВАЊЕ
Saturday, June 13, 2015
ГУРМАНСКИ ВИКЕНД: КАВАДАРЕЧИТЕ БЕНДОВИ ЛУТИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ
Кавадаречките учесници во музичкиот дел на манифестацијата Гурмански Викенд која овој викенд се одржува во Кавадарци, се видно разочарани од организаторот на настанот.
Своето незадоволство во повеќе наврати беше покажано и на соцјалните мрежи, воедно и како ЈАВЕН ПОВИК.
Се би било ВОСХИТУВАЧКИ ХРАБАР ПОТЕГ, ако не се земи во предвид дека организацијата на овој настан е на Општина Кавадарци, А ГЛАВЕН ОРГАНИЗАТОР Е ТОКМУ ПЕЈАЧОТ НА ОВОЈ ЛОКАЛЕН БЕНД.
И сега логично е да постави прашањето од каде смрди рибата, од главата или од опашката?!?
Friday, June 5, 2015
НЕВЕРОЈАТЕН КИНЕСКИ МЕТОД ЗА МНОЖЕЊЕ НА БРОЕВИ
Додека се борите со цифрите и нивното множење, или барате калкулатор, сетете се дека Кинезите не се за џабе древна нација.
Нивниот начин на множење е многу едноставен и брз, но и бескрајно интересен и поучен. Обидете се и ќе видите колку е лесно и интересно, и може да биде корисно понекогаш …