Monday, October 5, 2015

ЕСЕНСКИ ПАНАЃУР ВО КАВАДАРЦИ ВО ПЕТОК, САБОТА И НЕДЕЛА


Над триста трговци се очекува да изложат своите или други трговски производи и стока на традиционалниот „Есенски панаѓур“ кој годинава ќе се оддржи на 9, 10 и 11 октомври, односно од петок до недела.

Стандардно, локацијата и годинава останува непроменета, па панаѓурските тезги ќе бидат поставени на булеварот „Никола Минчев“ поранешен „Едвард Кардењ“ на потегот од кружниот тек кај новата автобуска станица, до спојот со „Северен Булевар“. Жителите на булеварот „Никола Минчев“ до четврток, 8 октмоври најдоцна до 12:00 часот треба да ги отстранат своите автомобили како би го ослободиле просторот за поставување на тезгите на излагачите на есенскиот панаѓур 2014.

Локалната самоуправа ги информира граѓаните дека булеварот „Никола Минчев“ како и булеварот „Македонија“ од спојот со улиците „Орце Николов“ до булеварот „Цветан Димов“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај во деновите на одржувањето на есенскиот панаѓур.

Предвидено е поставување на санитарен јазол и вода за пиење за корисниците, со цел да бидат поштедени околните подруми на зградите и другите објекти кои и покрај желбата на организаторот, секоја година страдаат од несовесните или помалку внимателните панаѓурци.

Пишува: Марјан Димитров

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП