Monday, March 14, 2016

ФЕНИ ИНДУСТРИ ПОДОБАР ОД КАРПОШ СОКОЛИ



Кошаркарите на Фени Индустри го победија Карпош Соколи во првото дерби од 20.коло на Првата македонска лига.

На средбата одиграна вчера во Кавадарци, домаќинот тим на Фени Индустри славеше победа над второ пласираната екипа на табелата Карпош Соколи со 88-76.

Во локалното дерби во Гевгелија, дуелот меѓу Бест и Кожув заврши со очекувана победа на Кожув од 76-65.

Во првиот меч од оваа рунда Работнички вчера ја победи Струмица со 80-65.

Колото ќе биде заокружено во вторник (20 часот) со средбата меѓу минатогодишните финалисти МЗТ Скопје Аеродром и Куманово.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 36 бодови (19), Карпош Соколи 35 (20 натпревари), Фени Индустри 33 (20), Куманово 32 (19), Работнички 30 (20), Кожув 30 (20), Струмица 24 (20) и Бест 20 (20).

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП