Tuesday, February 2, 2016

НАТАША МАЛИНКОВА: КАВАДАРЦИ НЕ ГО МЕНУВАМ ЗА НИШТО НА СВЕТОТ



Во последно време Наташа Малинкова е прилично активна на музички план, а доказ за тоа се настапите, гостувањата, фестивалите. Пејачката деновиве е затворена во студио каде работи на новиот албум кој треба да излезе кон средината на годината, а како најава за истиот наскоро ќе пушти сингл кој ќе биде во малку поразличен стил од она на што сме навикнати да го слушаме од неа. 



- Веќе подолго време го спремам новиот албум и наскоро ќе биде готов. Ова е мој втор албум, внимателно ги избирам песните и сум презадоволна од она што досега го имаме сработено. Како најава за него ќе пуштам еден сингл кој треба да биде готов до крајот на месецов. Станува збор за нумера снимена во живо со тамбураши", откри кавадарчанката која вели дека нејзиниот роден град не би го менувала за ништо на светот.


- Голем дел од моите колеги кои се од внатрешноста се преселија во Скопје за да можат полесно да функционираат во однос на кариерите. Тоа не е случај со мене, затоа што многу си го сакам Кавадарци и не можам да замислам да живеам во Скопје, на пример. Знам дека нема да се снајдам баш најдобро во целиот тој хаос кој владее таму, а и немам некоја желба за живот во голем град", додаде пејачката која е и мајка на две деца.

Извор: ВЕЧЕР

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП