Ва замрзнувачот се ствара лед поради ладниот воздух кој ја извлекува влагата од намирниците кои ги складираме во него.
Тој ладен воздух не може да ја задржи влагата како топол, па таа се насобира на страните од фрижидерот и се формира лед. Така со времето имате се помалку простор за храна, затоа што собира се повеќе лед.
Но, постои начин како тоа можете да го избегнете. Прво треба да користите масло. Имено, доколку замрзнувачот го премачкате со масло, тоа ќе оневозможи правење на ледот. Но, всушност и натаму ќе се сретнете со влагата. Неа ќе ја избегнете доколку секогаш добро ги затворите сите намирници кои ги складирате во замрзнувачот.
Би било совршено кога би ги користиле вреќичките со „зип“ затворувач, но доколку користите обични пластични кеси, внимавајте само пред подготвувањето од нив да го истиснете целиот воздух.
И запаметете, што помалку намирници имате во замрзнувачот (а со тоа е голема шансата да ви се наталожи ледот), со тоа тој троши повеќе струја, така да ако имате полупразен замрзнувач ставете во него неколку пластични шишиња со вода, за да ја намалите потрошувачката на енергијата.
0 comments:
Post a Comment