Oперативата на фирмата „Изолација“ од Скопје изврши асвалтирање на 90 метри должни на дел од улицата „Домовица“ недалеку од спојот со улицата „Шишка“.
Се работи за најкритичниот дел од оваа улица каде жителите од околните куќи се соочуваа со големи проблеми особено после врнежите од дожд. Општината на барање на граѓаните превзеде активности согласно програмата да се санира токму најоштетениот дел од оваа улица.
Покрај новиот слој на асвалт беа поставени и нови рабници со што се создадени услови за долготрајност како и поголема заштита од евентуалните порои на поројот „Домовица“.
Вкупната инвестиција изнесува 1 милион денари, а парите се обезбедени од општинскиот буџет, сметка за комунална изградба.
Веднаш после викендот, од понеделник следуваат завршните работи на авалтирање на уште неколку улици кои претходно беа подготвени за изведба на завршното асфалтирање.
Пишува: Марјан Димитров
0 comments:
Post a Comment