
Пред речиси полната галерија при Домот на културата „Иван Мазов - Климе", свој настап имаа Ана Младенова, Габриела Гавриловска, Благоја Младенов, Филип Андов, Стефан Ристовски, Валон Јакупи, Стефан Јовановиќ и Јоана Ристеска, сите ученици и студенти во класата на професор Миле Каровски, по потекло кавадарчанец.
- Концертот на учениците и студентите од Школата за класична гитара „Каровски" е дел од традиционалната манифестација „Кавадаречка културна есен", која и во текот на месец ноември ќе донесе многу културни настани, рече директорот на "Иван Мазов Климе", Владимир Темков.
0 comments:
Post a Comment