Monday, November 9, 2015

ВО КАВАДАРЦИ ЕКСТРЕМНО ЗГОЛЕМЕНА КОНЦЕНТРАЦИЈА НА ПМ 10 ЧЕСТИЧКИ ВО ВОЗДУХОТ НАД ДОЗВОЛЕНИТЕ МАКСИМАЛНИ КОНЦЕНТРАЦИИ



Разговор со Јованче Колев –комунален инспектор при ЛС Кавадарци

Во изминатите два месеци во Кавадарци 12-тина дена била зголемена концентрацијата на ПМ 10 честички Во воздухот. Ова го покажуваат податоците кои им беа дененеска презентирани на новинарите а се преземени од Станицата за мерење на загаденоста на воздухот во Кавадарци.

Всушност ова појава гледана преку резултатите на Министерството за животна средина и просторно планирање-секторот кој е одговорен за набљудување на покачувањето на ПМ 10 честичките низ државата и Управата за хидрометеоролошки работи , во Кавадарци станува актуелна со почнувањето на грејната сезона. Овој период, не само ова година, ПМ 10 честичките се зголемуваат енормно. Ако дозволената граница е 50 микро грами на М3, синоќа таа била 5 пати поголема од дозволеното.
Ова на прес конференција денеска го сооппшгти комуналниот инспектор при Локалната самоуправа Јованче Колев.

Тој вели дека проблемот се јавува во вечерните часови кога се активира поголемо количество топлинска енергија во домаќинствата после враќањето од работа на граѓаните и испуштањето на јагленороден диоксид во атмосферата од оџаците при што се ствара обвивка над градот, која поради затвореноста на истиот од три страни, нема провев и тој чад во форма на облак лежи над самиот град и ПМ 10 честичките се зголемуваат. Во раните утрински часови со мал ветар тој исчезнува. И параметрите покажуваат дека ПМ 10 честичките во овој прв дел на денот е под максимално дозволеното, дури е и екстремно низок. Овие параметри, кои се поволни за граѓаните на Кавадарци се евидентни до 16 односно 17 часот е под границите, дури имаме и вредности кои важат за најчистите градови во Македонија.

Кои во овој момент најмногу придонесуваат за загадување односно испуштањер на ПМ 10 честички ?

- Во моментот граѓаните се најголеми загадувачи.Во овој период се вари голема количина на ракија , при што се горат дрва и јаглен и други средства.Поради потешко доаѓање до огревно дрво порасната е употребата на јаглен .Дури 30 насто од граѓаните се греат на јаглен, што е дополнително поголем проблем во делот на зголемувањето на ПМ 10 честичките, вели Колев.

Значи имаме високи концентрациуи на ПМ 10 честички во попладневните часови и тоа во грејната сезона ?Значи немаме ПМ 10 честички преку летото ?

На увид ви се документите кои се извадени преку Станицата за мерење на загаденоста во Кавадарци. ПМ 10 честичките во пролет, лето и почетокот на есента се нормални или под граница.Главно до 30 и многу ретко до 40 микрограми на м3: Но овој период, еве утринава имавме мали концернтрации на МП честички или 12, што е доста солидно , но како одминува денот особено доцна попладне како паѓаат температурите така растат ПМ честичките.

Граѓаните можат да го следат квалитетот на воздухот во Кавадарци?

- Да тоа е можно преку апликација на Министерството за животна средина и просторно планирање ,он лајн страница и може да се врши увид на присуството на ПМ честичките во воздухот.

Кои се препораките за граѓаните особено во време на шпицови или кога присуството на ПМ 10 честичките е големо ?

- Па се препорачува да не се излегува надвор или да биде сведено на минимум движењето низ градот , со оглед на фактот за штетното дејство на ПМ честичките.

Дали Фени загадува?

- Гледајки ги резултатите од мерењата во мерната станица во Кавадарци преку годината немаме зголемуивање на ПМ 10 честички но во овој пертиод се јавуваат зголемени вредности. Таму имаме производтсво кое работи цела година. Неможам да речам дека нема загадување, што е нешто што секој може да го виде, но дека Фени загадува во овој случај, не е Фени, туку сега е греењето. Состојбата овде ја следи и ја контролира државниот инспекторат за животна средина.

Апел до граѓаните:

Апелирам до граѓаните на Кавадарци да се воздржат од горење на разни средства во печките особено при печењето на ракија. При контролите затекнуваме ситуации кога се употребува, пластика, гуми, се и сешто, што придонесува за зголемувањето на ПМ 10 честичките. 

Препорачуваме граѓаните да бидат посовесни да се избегнат да горат непотребни средства кои се користат за варењето ракија и во домаќинствата , за да имаме што е можно помалку штетни ПМ 10 честички во воздухот.

Пишува: Марјан Димитров

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП