Wednesday, October 7, 2015

КАВАДАРЦИ ГИ ДОБИ ПРВИТЕ ОФИЦИЈАЛНИ ЛОКАЛНИ АМБАСАДОРКИ НА GIRLS IN TECH МАКЕДОНИЈА

Кавадарчанките Илинка Ставрова и Ангела Лазова се избрани за локални амбасадорки на кампањата на Girls in Tech насловена како Local Ambassadors Hunt која беше активна ова лето.


Како што информираше денеска Ставрова, тимот на локалните амбасадорки на Girls in Tech во Кавадарци, ќе се ангажира да ги охрабри младите девојки да се одлучат за ИТ кариера, а од друга страна и да ги стимулираат жените и девојките на лидерски позиции во технологијата и поврзани области.

– Сето ова ќе се спроведува преку организирање на активности и настани во Кавадарци со цел да се стимулира ИТ задницата во градот. Дел од овие настани ќе бидат мини верзии од глобалните настани на Girls in Tech. Мотивацијата за ваква кампања беше да се направи силна мрежа на Girls in Tech низ цeла Македонија преку која ќе се делува низ различни активности, рече таа.

Таа додаде оти е чест е да се биде дел од Girls in Tech Македонија, а уште поголема чест е да се биде локален амбасадор на градот во кој сме активни во социјалниот и општествениот живот повеќе години.

– Како девојки со ИТ позадина, огромен предизвик е да ги насочуваме и охрабруваме младите девојки и зрелите жени да се приклучат во IТ заедницата и да го направат првиот чекор во македонската Start up заедница. Бидејќи во Кавадарци се уште немаме добиено прва жена претприемач во IT, искрено се надеваме дека конечно годинава ќе бидеме сведоци на првата IT компанија која е управувана од жена и која нема да биде сконцентрирана во главниот град, посочуваат од тимот на Girls in Tech во Кавадарци.

Инаку, Girls in Tech Macedonia е национална организација, прва на Балканот, која функционира како дел од глобална непрофитна организација со над 50 гранки ширум светот, фокусирана на ангажманот, образованието и поттикнувањето на влијателни жени во технологијата и претприемништвото. Фокусот на организацијата е кон промоција, раст и успех на жени претприемачи и иноватори во технолошкиот простор.

– Girls in Tech Macedonia произлезе од потребата за мотивациски и ресурсен центар, и место кое ќе ги вмрежи жените на различни возрасти кои се инволвирани во технолошката индустрија во земјата. Во еден бавно растечки стартап и ИТ бизнис екосистем како македонскиот, појавувањето на Girls in Tech делува како совршен склоп во прилог на тоа движење, појасни Ставрова.

Таа информираше дека целни групи на организацијата се GIT Young или млади девојки кои допрва сакаат да започнат кариера во ИТ или се на почеток на истата, и GIT Mature – жени кои веќе развиваат кариера во технолошките или сродни области. Идејата е преку инспиративни примери од GIT Mature, да се засили и мотивира GIT Young како група во развој.


0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП