Friday, October 2, 2015

Милица Паулус: ОСАМЕНИ МАЈКИ

 Милица Паулус - писателка и поетеса


ОСАМЕНИ МАЈКИ


Многу мајки,
јадат сув леб.
Други пак,
го немаат и него.
Во мала, ладна
и темна одаја живеат.
Сами, тажни
и често расплакани.
Но солзите ги кријат,
децата да бидат среќни.
Некои се облечени
со облека парталива,
но има и такви,
што смрзнуваат и без неа.
Без дрва,
понекогаш и без светлина,
седат со вкрстени раце
топлејќи се себеси.
Срцето останува ладно,
оти сите гледаат настрана.
Нашите мајки,
што цел живот работеле
не изгледале и трпат се
за нашиот мир
и нашиот поубав живот.
Да не гледаме од далеку!
Да ги отвориме очите
и да ги испружиме рацете!
Никој не заслужува повеќе,
него ли сопствената мајка!

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП