Tuesday, October 13, 2015

ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП

Од 15-ти месецов во центрите за имунизација ќе започне вакцинацијата против сезонски грип. Набавени се повеќе од 30 илјади дози. Се препорачува за хронично болните над 65 години, особено за оние со кардиоваскуларни и респираторни заболувања и дијабетес, за бремените жени, за здравствените работници и за малите деца со намален имунитет.


„Потребно е минимум две недели да се создаде отпорност или антитела за заштита против грип. Минатата година откако се произведе вакцината се виде дека циркулира подтип од групата а, кој не беше во вакцината. Сега токму во оваа вакцина е и тој подтип. Оваа вакцина ќе штити од сите вируси кои циркулирале лани“, изјави д-р Јованка Костова- државен советник во Министерството за здравство.
Голем е интересот и за поливалентните вакцини. За два месеца пет и шествалентни вакцини примиле 7.300 деца. Само кај едно дете била пријавена несакана реакција за покачена температура.

„Сите оние кои сега започнуваат, но и оние кои веќе имаат почнато до првата ревакцина ќе ги примаат поливалентните вакцини. Бенефитот е двоен, пред се за најмалите кои што ги примаат вакцините, со едно боцкање ги добиваат сите одеднаш, а исто така е бенефит и за давателите на услугата пред се за медицинските сестри“, вели д-р Татјана Баевска Вучковиќ- директор на Здравствен дом- Скопје.

600-тини дози од пнеумококната вакцина се поделени во центрите за имунизација. Вакцината е бесплатна и не е задолжителна. Најмногу ги штити децата до 5 годишна возраст од пневмонии, менингитис и други заболувања.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП