Saturday, October 3, 2015

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПЕАТ: ДВАНАЕСЕТ ГОДИНИ ПОСТОИ КАВАДАРЕЧКОТО ПЕНЗИОНЕРСКИ ПЕАЧКО ДРУШТВО

Девет пензионерски друштва се претставија пред велешани во полната сала Бели мугри.



Пензионерите од девет друштва се претставија пред велешани, во полната сала ,,Бели мугри,,. Тие пееја стари македонски народни и изворни песни, но и нови обнародени. На задоволство на публиката се слушнаа многу познати македонски бисери, исполнети од грлата на највозрасната популација.

Ова е можност да излеземе од дома, да заборавиме на домашните обврски, за стекнеме нови пријателства, да покажеме што знаеме. Во натпревар со другите пеачки друштва да слушнеме кој подобро пее - вели пензионерка од Велес.

На Регионалните пеачки натпревари на пензионерите учествуваа друштва од Валандово, Неготино, Битола, Гевгелија, Богданци, домаќинот Велес и по две од Прилеп, Кавадарци. Со песна, музика пензионерските денови минуваат полесно, исполнето и весело.

Дванаесет години постои нашето пензионерски пеачко друштво, а од годинава имаме и фолклорна играорна група. Така сега имаме културно уметничко друштво. Секој се наоѓа каде може да се покаже и докаже - рече Фруска Костадиновска од Кавадарци.

Од овој град имаше две пензионерски друштва, второто беше на инвалидските пензионери. Пеачките групи исполнија грст македонски песни, препознатливи за градот од каде доаѓаат.

Дружењето е тоа што најмногу им недостига на пензионерите. А лекот е и смеата, затоа велам дека оваа манифестација е Пензионерите пеат а гледачите во салата се смеат. Таа ни го подмладува духот и ни ја враќа насмевката - вели организаторот Веле Алексовски, претседател на Здружението на пензионери од Велес.

Пишува: Петар Печков

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП