- Големи се проблемите на лозарите од Бегниште. Мораше да се растовари грозјето за инспекцијата да не ги земе и грозјето и камионот. Грозјето се уште стои на патот од влезот на селото - рекоа вчера бегништани за „Дневник“.
Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Румен Стаменов, потврди извозникот, бил без легални документи за откуп на грозје, не бил регистриран откупувач и немал откупно место со вага и вработени, не поседувал сертификат за здравствената состојба на грозјето, ниту доказ каде легално го купил и платил. Во такви услови инспекцијата имала право да изрече казни за нелегалниот откупувач кој откупувал грозје без претходно склучени договори за откуп, но и за лозарите што го предаваат својот род од лозјата без претходен договор.
- Со ова сакаме јавно да ставиме до знаење дека нема купување грозје на црно на меѓата од лозовите насади и плаќање на диво во кеш, мора да бидат исполнети сите услови што ги бара законот - рече Стаменов.
- Со ова сакаме јавно да ставиме до знаење дека нема купување грозје на црно на меѓата од лозовите насади и плаќање на диво во кеш, мора да бидат исполнети сите услови што ги бара законот - рече Стаменов.
Поради големата реакција на лозарите кои се согласиле самите да го растоварат грозјето за да нема посериозни проблеми, инспекцијата направила блага толеранција и се согласила да не им го одзема грозјето и да не им поднесе соодветни пријави ако го предадат на друго место, на легален откупен пункт. Притоа им било посочено дека само на еден-два километра имаат регистрирани откупни пунктови за грозје и нема да имаат никакви проблеми доколку таму го предадат својот род од лозјата.
Стаменов откри дека минатата седмица имале сличен случај, при што инспекцијата одзела 300 гајби трпезно грозје подготвено за црните пазари во Република Македонија. Таму ќе биде изречена прекршочна постапка. Предупреди дека казните во врска со оваа проблематика може да се движат и до неколку илјади евра.
- Мора да се биде ригорозен кога станува збор за нелегален откуп. Несериозно е нелегалните откупувачи да откупуваат грозје пред носот на оние што работат според законот. Дивите откупувачи може да дојдат да откупат грозје еднаш и да го платат, па втор пат исто така, веќе третиот да ги наполнат камионите и да заминат во непознат правец без да платат, а потоа лозарите што им го дале грозјето да кукаат зашто не можат да си ги наплатат побарувањата - дециден е директорот.
Со години во Тиквешко како најголем лозаровинарски регион во Македонија се појавуваат откупувачи на грозје кои плаќаат веднаш на меѓата, со тоа што за килограм грозје исплатуваат помала сума од претходно договорената помеѓу лозарите и винарите. Со вакви трговци соработуваат лозари кои сакаат парите од грозјето да ги земат веднаш по бербата.
Пишува: Светлана Дарудова
Извор: ДНЕВНИК
0 comments:
Post a Comment