Освен кумановските, тест по англиски јазик полагаа и ученици од Кратово, Кавадарци, Македонска Каменица и други градови. Полагањето го организираше невладината Американски совети, а во април догодина ќе се знае кои ученици биле најдобри и во август ќе заминат во Америка.
Ќе бидат сместени во домаќин семејства. Како што тука учениците поминуваат три ригорозни тестирања, така и фамилиите се проверуваат и поминуваат низ различни тестирања, проверки затоа што мора се да биде безбедно. На крајот од денот не праќаме книга, ние праќаме дете кое што треба да помине една година со нив и семејствата таму се волонтери и не добиваат никаков надомест. Ги земаат овие ученици затоа што сакаа да ја споделат американската култура - изјави Симона Ристовска од Американски совети.
Ристовска вели дека оваа стипендија е навистина престижна и за неа можат да аплицираат ученици од 1 и 2 година средно, но и лицата со посебни потреби. Целта на оваа стипендија е учениците да бидат наши амбасадори и да ја презентираат македонската култура во Америка. Од “Наце Буѓони“ беа задоволни од одзивот на ученици.
Имаше голем интерес оваа година, повеќе од лани. Се се одвива во најдобар ред и некој ќе замине со стипендија во Америка. Стипендијата инаку покрива се. Нашите ученици ќе ја презентираат нашата култура, нашето културно-историско наследство и ќе научат нешто за американската цивилизација - рече Ивана Цветковиќ, професор по англиски јазик.
Ученикот Теодор Делов од Гимназијата “Добри Даскалов“ од Кавадарци вели дека добро го владее англискиот јазик и дошол да си ја проба среќата за добивање на стипендија.
Тестирањето беше лесно, иако имаше некои заметливи прашања. Англиски знам добро, го учам од прво одделение - кажа Делов.
Тестирање за оваа стипендија се врши во четири центри во државата и тоа во Скопје, Куманово, Штип и Струга. Во последниве неколку години 80 ученици од Македонија на овој начин престојувале во Америка.

Извор: www.kumanovonews.com
0 comments:
Post a Comment