Крилниот центар кој беше дел од репрезентативниот ростер кој ја претстави Македонија на ЕП моментално е слободен агент, а синоќа се наоѓаше во салата во Кавадарци каде го следеше „својот“ Фени. Поради тоа, низ кошаркарските кулоари се шпекулира дека постои можност тој да се врати во Кавадарци, каде ќе биде на отворен договор, сѐ додека најде друг ангажман од странство. Претходно, Трајковски имаше понуда од актуелниот шампион МЗТ Скопје која ја одби, а исто така, доби и понуда од неколку странски екипи, меѓу кои беше една од Дубаи, но и тие не се реализираа.
Засега, сѐ е во рамки на шпекулацијата, во која нема потврда ниту од клубот, ниту од кошаркарот. Во редовите на Фени Индустри, искусниот 29-годишен Трајковски настапуваше во сезоните 2009/10 и 2012/13. Покрај во македонскиот колектив од Кавадарци, тој настапуваше и за Балкан стил, Работнички, Торус, Лирија, Чарни Слупск и Сигал Приштина.
Извор: sportmedia.mk
0 comments:
Post a Comment