- Имаме лекарска потврда за повредите на ќерката. Нејзе и зарипна гласот од плачење поради повредите. Ја носевме на лекар и таа мораше да прима инхалација. Ни кажаа дека во време кога се случил инцидентот, негувателката била да фрла пелена. Не веруваме во тоа. Девојчето ни е изгризано на три места, можело и повеќе да биде повредено - рекоа родителите.
Директорката на градинката “Рада Поцева” Снежана Ганчева кажа дека веднаш пристапила кон испитување на случајот. Изготвила записник и покренала дисциплинска постапка против негувателката . За инцидентот ги известила општината и надлежното министерство.
- Сметам дека има грешка кај нашата негувателка. Додека ја фрлала пелената друго дете од градинката го нападнало девојчето кое е изгризано - појасни Ганчева.
Таа нагласи дека случајот ќе биде расчистен. (С.Д.)
Извор: www.dnevnik.mk
0 comments:
Post a Comment