Tuesday, August 18, 2015

ФЕНИ ИНДУСТРИ СО ИВЕЛЈА И ПЕКОВИЌ ОД КОЖУВ ВО НОВАТА СЕЗОНА

Поранешниот македонски кошаркарски шампион, Фени Индустри ги стартуваше подготовките за новата сезона, а на првиот тренинг се појавија двајца нови кошаркари. Првите две засилувања на клубот од Кавадарци се српските интернационалци Миладин Пековиќ и Владимир Ивелја кои што доаѓаа од редовите на Кожув.

На првата прозивка на предводникот Љупчо Малинков од поискусните играчи, покрај споменатиот двоец, беа присутни само капитенот Горан Самарџиев и единствениот интернационалец од минатата сезона Карло Враговиќ од Хрватска. Преостанатите кошаркари кои ги започнаа подготовките се младинци на кои Малинков истакна дека ќе им даде шанса во подготвителниот период. На клубот се очекува да му се приклучи и Кире Николовски кој моментално е со нашата репрезентација.

Меѓу другото од клубот најавија дека се уште не е затворен ростерот на екипата и допрва ќе се купува, како домашни така и кошаркари од странство. Со ова станува јасно дека составот на кавадарчани во новата сезона ќе има сосема нов изглед.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП