Monday, August 17, 2015

КК ФЕНИ ИНДУСТРИ ОД ДЕНЕС И ОФИЦИЈАЛНО ЗАПОЧНА СО ПОДГОТОВКИТЕ

За престојната сезона амбициите се пласман меѓу четирите најдобри.
На првата прозивка на тренерот Љупчо Малинков денес се појавија капитенот Горан Самарџиев, хрватот Карло Враговиќ кој ја продолжи соработката со клубот од Кавадарци, Пековиќ и Ивелја кои пристигнаа од Кожув, младите Милков, Николов, Пајиќ, Шалев, Кицев, Китев, Атанасов и Камчев, а се очекува веќе во вторник на тимот да му се приклучи и повратникот Ќире Николовски кој сезонава повторно ќе го носи дресот на Фени Индустри.

Во својата изјава за медиумите, тренерот Малинков потенцираше дека во подготвителниот период ќе им даде шанса на младите играчи од школата на Фени Индустри, пред се на Николов, Милков и Пајиќ, но и на останатите кои веќе тренираат со првиот состав на кавадаречкиот тим. „Во подготвителниот период ќе им дадам шанса на Милков, Николов и Пајиќ да ги докажат своите квалитети. Верувам во нив и сигурен сум дека ќе ја искористат можноста. Во меѓувреме преговараме со уште неколку играчи од земјата и од странство, сеуште имаме можност да ангажираме уште тројца странци, но нема да брзаме со одлуките, па ростерот за сезонава ќе го затвориме малку подоцна од вообичаеното“ - вели Малинков.
Според предвидениот план, првата фаза од подготовките ќе се оддржува на градскиот стадион во Кавадарци и во спортската сала „Јасмин“.

Пишува: Марјан Димитров

Превземено од : https://www.facebook.com/marjan.dimitrov.12/posts/947453875310726?pnref=story

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП