Sunday, August 23, 2015

ЗОШТО ИМАМЕ АЛЕРГИИ?

Сè поголем број на луѓе насекаде во светот страдаат од алергии. Листата на алергени е огромна, но како најчести се среќаваат: домашна прашина, полен, пеницилин, отров од одредени инсекти, кикирики, јајца итн.

Откако некои од овие супстанци ќе предизвикаат алергија се појавуваат различни симптоми со различен степен на опасност, вклучувајки: осип, оток, кивање, чешање и печење на очите, потешкотии при дишењето и сл, а во најлош случај и фатална реакција на целото тело позната кака анафилактичен шок.

Колективниот товар е огромен, а опциите за лекување се ограничени. Антихистамините може да ги намалат симптомите, но предизвикуваат поспасност. Можеби би имале поефикасни третмани кога научниците подобро би го разбирале целиот тој процес. Но, научниците не се ни сигурни зошто воопшто алергиите се појавуваат. Еден имунолог има прилично контраверзен одговор на тоа прашање.

Мистеријата на алергиите
„Токму тоа е проблемот кој ми се допаѓа кај алергиите. Тој е голем, од суштинско значење, и е сосема непознат“, изјави Руслан Меджитов за „Discover Magazine“.

Никој нема цврст одговор, но водечката теорија сугерира дека дека алергиите се погрешна одбранбена реакција на организмот против паразитските црви. Во индустријализираниот свет, каде што таквите инфекции се ретки, овој систем претерано реагира на безопасни цели, па така стануваме алергични на одредени нешта.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП