Sunday, October 11, 2015

ДОЖДОТ ЈА ПРЕКИНА БЕРБАТА НА ГРОЗЈЕТО ВО ТИКВЕШКО


Интензивните врнежи од дожд во последните два дена ја прекинаа бербата на грозје во Тиквешко. Претседателот на регионалниот Сојуз на лозари Агротиквешија од Кавадарци, Љупчо Аризанов, потврди дека поради големата влажност во почвата, гроздоберот е одложен за неколку дена.



- Наредните денови нема да може да се влезе во нивите во најголемиот лозарски регион во државата. Некои од лозарите можно е да се соочат и со намалување на шеќерноста на грозјето или пак со пукање на гроздовите зрна. Вториов проблем би го имале лозаропроизводителите чиј род претходно не бил соодветно третиран со средства за заштита, рече Аризанов.

Тој информираше дека уште само околу 5 проценти од грозјето во Тиквешијата стои на виновите лози. Необраните количини се главно од сортата "смедеревка", најзастапената бела винска сорта на грозје во регионот.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП