Сообраќајка се случи утрово во 02.45 минути во Кавадарци, информацијата ја потврди Анита Стојковска, портпарол во СВР Велес.
- Во сообраќајната несреќа на улицата Шишка во Кавадарци, патнички автомобил марка пежо со кавадаречки регистарски ознаки од засега неутврдени причини излетал од коловозот и удрил во паркиран патнички автомобил, кој потоа удрил во ѕид од објект од куќа, при што причинил материјална штета-вели Стојковска.
Увид на лице место извршила увидна екипа од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата од Кавадарци.






0 comments:
Post a Comment