„Потребно е минимум две недели да се создаде отпорност или антитела за заштита против грип. Минатата година откако се произведе вакцината се виде дека циркулира подтип од групата а, кој не беше во вакцината. Сега токму во оваа вакцина е и тој подтип. Оваа вакцина ќе штити од сите вируси кои циркулирале лани“, изјави д-р Јованка Костова- државен советник во Министерството за здравство.
Голем е интересот и за поливалентните вакцини. За два месеца пет и шествалентни вакцини примиле 7.300 деца. Само кај едно дете била пријавена несакана реакција за покачена температура.
„Сите оние кои сега започнуваат, но и оние кои веќе имаат почнато до првата ревакцина ќе ги примаат поливалентните вакцини. Бенефитот е двоен, пред се за најмалите кои што ги примаат вакцините, со едно боцкање ги добиваат сите одеднаш, а исто така е бенефит и за давателите на услугата пред се за медицинските сестри“, вели д-р Татјана Баевска Вучковиќ- директор на Здравствен дом- Скопје.
600-тини дози од пнеумококната вакцина се поделени во центрите за имунизација. Вакцината е бесплатна и не е задолжителна. Најмногу ги штити децата до 5 годишна возраст од пневмонии, менингитис и други заболувања.
0 comments:
Post a Comment