Friday, October 16, 2015

КУЌИЧКИ ЗА ПТИЦИ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

Во организација на еколошкото регионално друштво “Еко живот” од Кавадарци, денес се одржa натпревар во изработка на куќички за птици, во градскиот парк, кај “Бриони”. 


- Еколошкото друштво “Еко-Живот” како регионелен центар за заштита на животната средина за Тиквешијата, го реализира овој регионален натпревар за ученици од основните и средните училишта, за најдобро изработена куќичка за птици. Во склоп на натпреварот се предвидени предавања за важноста на “Грижата за природата” и вредни награди за секој учесник кој ќе изработи куќичка, рече Роберто Паризов, претседател. 

Тој нагласи дека куќичките може да се изработени од било каков материјал, по можност рециклирано дрво(реупотребено), или нешто слично, што нема да се уништи од дождот или невреме.
Се оценуваa естетиката и практичноста, но и реупотребениот материјал. Највредните награди беа компјутери-таблети.

Пишува: Марјан Димитров

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП