Friday, October 16, 2015

КАВАДАРЕЧКА КУЛТУРНА ЕСЕН 2015 - СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ



Традиционалната манифестација “Кавадаречка културна есен“ официјалното отворање ќе го доживее денес, петок, на 16 октомври 2015 во Домот на културата “Иван Мазов - Климе“. 

Неофицијално, “Кавадаречка културна есен 2015“ веќе се реализира со секојдневните настани, но како што е ред, заслужува свечено отворање. Според предвиденото:
  • 16 октомври (петок), 18 часот - Дефиле на фолклорни ансамбли учесници на “Распеана чаршија“ по улица “Илинденска“
  • 16 октомври (петок), 18.30 часот - Кратко претставување на Градски плоштад Кавадарци, на ансамблите учесници во “Распеана чаршија“
  • 16 октомври (петок), 19 часот - Отворање на Изложба на фотографии “Кокино - Мистичен шепот низ вечноста“ од авторот Љупчо Илиевски, во Галерија при Дом на култура Кавадарци
  • 16 октомври (петок), 19.15 часот - Свечено отворање на “Кавадаречка културна есен 2015“ во Сала на Дом на култура Кавадарци
  • 16 октомври (петок), 19.30 часот - Гала концерт на Фолклорен ансамбл “Македонија“ - Скопје, во Сала на Дом на култура Кавадарци


0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП