Saturday, October 17, 2015

ШТО ПРАВИТЕ ПОГРЕШНО ДОДЕКА ИГРАТЕ ЛОТО


Играњето на лото комбинација составена од датумите на раѓање, јубилеите или годишниците гарантирано ќе ви ја намали можноста за добивка на лотарија.



Според истражувањето кое го направиле научниците од универзитетите во Ротердам, Амстердам и Економскиот факултет во Нотингем, потврдено е дека такви комбинации бираат најголем дел од луѓето кои редовно уплаќаат лото ливчиња.


Статистички е поголема веројатноста дека повеќе луѓе ќе ја делат добивката ако сите играат комбинации кои се состојат од 30/31 ден или 12 месеци. Колку повеќе луѓе играат со иста логика, реално е дека ќе добијат помалце пари ако добијат. Проста математика.

Бидете малку покреативни за време на играњето на оваа игра на среќа. Никој не сака да ги дели милионите со непознати.

Извор: ФОКС.мк

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП