Третман на кучињата скитници навистина е потребен и ние како Општина ќе превземеме мерки, вели градоначалникот Александар Панов, но тоа е последното нешто што е преоритетно.
- Обидот што го направивме со Општините од Вардарскиот плански регион, со помош на УНДП не ни успеа. Но не се откажувамне, вели Панов. Граѓаните забележуваат и го рангираат ова прашање како врвен приоритет на градот во моментов. Инаку во Кавадарци нема егсистенцијални потреби за решавање од типот на недостиг на вода, канализацазиони мрежи и слично, но потребите се веке искристализирани: изградба на детска градинка, уредување на влезовите на градот, решавање на проблемот со фудбалот и последното што го пратиме е проблемот со кучињата скитници, кој сум убеден во наскоро време, ќе го решиме независно дали сами или како регион.
Очигледно по последната изјава на Градоначалникот, ако планирате да прошетате по Кавадарци не е на одмет да си носите и по некој камен во џебовите. Со оглед на тоа што веќе завлегуваме во есента и врнежливото време, носењето на чадор може значително да ви помогне како спас од гризнување од кучиња кои во глутници шетаат во вечерните часови по центарот на градот.
Само за потсетување ви ја приложуваме сличната изјава на надлежните од 2011 година, со истиот проблем и со исти ветувања.
0 comments:
Post a Comment