Friday, September 11, 2015

СУДЕЊЕТО НА ТРИКРАТНИОТ УБИЕЦ ОД КАВАДАРЦИ НИКАКО ДА ПОЧНЕ

Судењето на кавадаречкиот трикратен убиец Тони Станоев кој лани во нивниот дом ги уби родителите и сестрата на неговата сопруга никако да почне. На денешното судење неговиот адвокат Драган Ѓоргиев побара изземање на петчлениот судски совет кој го работи предметот.

Тоа пак ги разлути членовите на семејствата од убиените кавадарчани, кои беа разочарани од одолговлекувањето на судскиот процес. Судењето на Станоев почна одново, откако беше изземен петчлениот судски совет, кој работи на овој предмет. Обвинетиот како и пред два месеци го призна делото. Судскиот совет откако се повлече, донесе одлука да се отфрли признанието и судењето да продолжи. На ова реагираше адвокатот Ѓоргиев.
„Изненаден сум што Судскиот совет признанието на вина го отфрла и тоа без објаснување. Поради ова и поради пристрасност, ќе поднесам барање за изземање на овој совет, во писмена форма до претседателот на Судот“, изјави Ѓоргиев. Потоа судењето беше прекинато и одложено за крајот на септември. Ваквата разврска ги изненади блиските на тројцата застрелани кавадарчани. Тие беа разочарани што судењето никако да започне.
„Секое рочиште, секое доаѓање на суд за нас е мора, кошмар. Не можеме да го гледаме ликот на овој убиец, кој не остави без најблиските. Но, правдата е бавна и достижна, дали за еден месец, два обвинетиот ќе си го добие заслуженото. Не може да избега од правдата. Прифаќам единствено доживотна казна, а тој сака да добие поблага, нема да успее“, велат членовите на семејствата чии блиски беа убиени на 9-ти ноември лани.
Обвинителството го товари Станоев дека сторил три убиства и од живот ги лишил таткото, мајката и сестрата на неговата сопруга Данче, Илија (61 г.), Билјана (56 г.) и Снежана (33 г.) Леови. Делото го сторил со умисла во семејниот дом на Леови кога тие се подготвувале за неделен ручек.


0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП