Thursday, September 10, 2015

СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА ОД КАВАДАРЦИ ОСЛОБОДЕНИ ОД СМЕТКИТЕ ЗА ВОДА

Советот на општина Кавадарци на последната седница, по предлог на советникот Горан Белевски од советничката група на СДСМ, донесе одлука за ослободување од плаќање на сметките за вода и комуналии за сите социјално загрозени семејства.


Ваквата мерка е повеќе од потребна за овие граѓани, бидејќи не се во можност да ги покријат своите трошоци.

Одлуката беше едногласно усвоена, а дозволува ослободување за сметките во период од октомври минатата година до октомври годинава.

За користење на оваа поволност социјалците треба да достават решение дека се корисници на социјална помош и заедно со барањето за ослободување од плаќање сметки за вода и комуналии да го достават до општина Кавадарци.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП