Мојот комшија во поодминати години, човек кој го фатил времето на југословенскиот комунизам и толку познатата и посакувана Југославија, човек кој денес го живее овој комунистичко-квази-капитализам, од дното на душата, со тешка воздишка, изговори неколку реченици: Добро, што мислат? Дека сме ненормални, дека сме будали! Претераа! За што плаќам данок целиот мој живот?! Наместо да ја покријат целата улица со нова асфалтна маса, тие саде крпат дупки. А ова ли е крпење на дупки? Ова не е никакво крпење на дупки! Ова ти е плукање во лице на граѓаните, јас така го разбирам ова.
Тука заврши овој разговор.
0 comments:
Post a Comment