Thursday, October 15, 2015

СЛУШНЕТЕ ГО РИМЕЈКОТ НА СТАРИОТ „ЏЕНТЛМЕН“ НА „ТОКМУ ТАКА“



Популарниот „Џентлмен“ на култната кавадаречка рок група „Токму Така“ по 30 години повторно се враќа на музичката сцена и тоа како „Фатал Абдал“.

Дотеран во современ и модерен аранжман, хитот на Бубо Каров и „Токму Така“ е дел од проектот за нов албум на бендот кој беше најавен пред две години со хитот „Валкан Балкан“. Токму овие две песни го најавуваат и концептот на албумот кој би требало да се појави следната година, а ќе биде составен од римејкови на големите хитови на „Токму Така“, но и нови, досега не слушнати теми на кои Јане Хаџи-Наумовски, Златко Поп-Ангелов, Ано Јосифов, Јосо Андреев и Бубо Каров напорно работат.

„Фатал Абдал“ или ако повеќе сакате „Џентлмен“ се снимаше во „Компакт Продукција“ на Пепи Ангелов, додека на музичкиот дизајн и финалниот мастеринг работеше Костадин Камчев, инаку и самиот поранешен член на „Токму Така“, а сега сопственик на студиото „Моцарт“ во Њујорк. На римејкот на „Џентлмен“ кој се очекува да ја достигне славата на оригиналната верзија како гости се појавуваат и познатите кавадаречки музичари Ристе Наневски и Ѕвонко Богев.



Извор: ВИСТИНА.мк

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП