
Според предвидената програма, со чинот на осветување на новоизградениот храм „Света Петка Преподобна" ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, господин господин Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски господин Агатангел, Митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј и Митрополитот Брегалнички господин Иларион.
По чинот на осветување ќе следи и света Архиерејска Литургија, а по завршувањето на истата и Свечена трпеза на љубовта.
За потсетување, изградбата на црквата „Света Петка Преподобна" започна пред пет години, а според верниците, но и експертите ова е една од најубавите цркви во Македонија градени во византиски стил од клесан камен.





0 comments:
Post a Comment