Поводот беше промоција на првите две снимени приказни во наша кавадаречка продукција ,,Умната мома“ и „Големиот драпаџија“.
Ако меѓу гледачите можевме да видиме познати личности од јавниот, политичкиот живот, лица од културата, познати кавадаречки фаци, новинари, поранешни артисти меѓу нив и доајенот на кавадаречкото и македонското глумиште Васо Ангелов, тогаш сме биле на вистиското место а настанот заслужуваше големо внимание.
Актерот и режисер на кавадаречките приказни Диме Коцевски заедно со директорот на фотографија продуцент и монажер Тони Коцев, домаќини на промоцијата, им посакаа на сите љубители на овие две видео изданија убава вечер. Коцевски направи хронологија на настаните поврзани со приказните за идејата зошто треба да снимиме и ние на наш кавадарерчки дијалект.
Пред проекциите на приказните присутните ги поздрави градоначалникот Александар Панов, кој заедно со Советот го подржаа овој проект, со надеж дека ке го сторат тоа и за следните приказни во иднина.
Снимањето на првите две епизоди од серијалот кавдаречки народни приказни е резултат на една долгогодишна и макотрпна работа на собирање на приказни кои се специфични за Тиквешијата и го карактеризираат целиот регион.
Диме Коцевски актерот и режисер рече дека е одбрана прекрасна група на луѓе ентузијасти кои ја пријфатија идејата која ја имале Тони Коцев и тој.
- Станува збор за кавадаречки народни приказни кои од другите приказни се разликуваат по автентичниот кавадаречки дијалект, кавадаречкиот хумор, снимањето во амбиент на автентични села со соодветна селска архитектура, и целокупната екипа од сниматели, помошници, актери, ститисти е 100 посто кавадаречка. Со приказните започнавме затоа што народот нив може најлесно да ги прифати. Но ова треба да ни преставува отскочна штица да ни помогне да почниме да снимаме и други проекти. Истражував и дојдов до запрепастувачки податок: Многу историски личности и настани од историјата од овој крај се заборавени, за нив нема никаков видео запис, за Страшо Пинџур и неговото семејство, за Димката Габерот, за 12 те деца и други. Во Македонија во неколку градови се снимаат видео записи за заборавни личности и настани. Зошто и ние да не направиме нешто слично. Нашата цел со Тони е малку да ги потисниме работите на подобро и да почнеме да ствараме дела од ваков карактер.
Покрај градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци кои помогнаа се верува верува дека за наредните снимања на приказни за кои кои има веке готови сценарија, каско и за други проекти да се вклучи и бизнис секторот од кого се очекува помош и подршка.
Во реалзацијата на приказните учествуваше актерската екипа во состав: Милица Гочевска, Никола Колев-Зезо, Видан Станоев, Симона Богева, Данчо Бањански, Дејан Атанасов и Диме Коцевски.
Проекцијата на двете приказни беше проследена со внимание и преставуваше вистинско доживување кое беше проследено со ракоплескање и спонтана смеа на присутните за на крајот сите со одобрување да посакаат овој проект да продолжи да ствара нова видео историја за кавадаречкото и Тиквешки поднебје од нов ракурс кој ке се стави печат, со нови успешни актерски остварувања.
Пишува: М.Димитров
0 comments:
Post a Comment