Tuesday, September 8, 2015

СВЕЧЕНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

7-мо Септемвриската награда годинава ја добија Компанијата ,,Инел Интернационал,, и проф- д-р Кирил Темков.



Со изведба на македонската химна на Билјана Камчева со клавирска придружба на професор Драган Вељковиќ, Локалната самоуправа Кавадарци ја започна Свечената седница со која го одбележа празникот на градот- 7-ми Септември- Денот на ослободувањето.
Со седницата претседаваше претседателот Горица Пеливанова- Вилхелм , која ги поздрави присутните и им го честита празникот. Веднаш потоа во своето кратко експозе градоначалникот Александар Панов од името на сегашните генерации им се заблагодари на ослободителите, кои пред 71 година ја донесоа слободата после долго време поробување. Потоа кратко се задржа на тековните проекти од комунален и урбанистички карактер, кои се значајни за градот и Општгината како што е проширување на сообраќајницата кон Росоман, преземањето на Градскиот стадион во владение на Општината и извршување на други активности. Тој воедно пред присутните најави фронт за работа и ангажман на изградната на нова детска градинка, изградба на Аква-Парк, продолжување на изградбата на кејот на реката, изградба на НВО Центар, лифтови за хендикепираните и завршување на реконструкцијата во неколку основни и средни училишта.

Годинава највисокото признание на градот, наградата ,,7-ми Септември,, ја добија Компанијата ИНЕЛ ИНТЕРНАЦИОНАЛ и проф. д-р Кирил Темков.
Сопственикот на ИНЕЛ, Душко Сапунџиев, се заблагодари на Општина Кавадарци за големата награда и рече дека за него и менаџментот на компанијата ова е значајно признание.
-Без подршка на семејство, тешко ке го оставревме досега создаденото, а се разбира овде се и сите вработени кои стручно ја обавуваат професионалната работа, рече Сапунџиев . Овде, додаде тој, многу ја ценам и подршката од граѓаните кои ни ја дадоа довербата која ни еден момент не ја изневеривме. Само со нив и за нив ние го постигнаваме успехот со кој се гордееме. И ќе продолжиме со вакво темпо и творечки дух.

Професор д-р Кирил Темков, во својот инспиративен говор се заблагодари за големата награда на Општина Кавадрци, при што ги потсети присутните на својот животен пат од Кавадарци во светот, на своите корени, на фамилијата Темкови кои се значајни чинители во македонската култура и уметност. Негова желба е неговата најнова книга посветена на етиката да ја промовира овде во Кавадарци и одовде да започне големото патување на моралот низ светот.
Инаку во културниот дел на програмата настапија одличните професори во ОМБУ "Лазо Мицев Рале", Бошков, Волчев, како и оркестарот на Гимнназијата "Добри Даскалов".

Пишува: Марјан Димитров

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП