Monday, September 7, 2015

7-MИ СЕПТЕМВРИ - 71 ГОДИНА ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА КАВАДАРЦИ

Со отворањето на изложбата „Занаетчиството во Кавадарци низ историјата“, која е поставена во градската музеј галерија, официјално започна чествувањето на 71-годишнината од ослободувањето на Кавадарци.
Покрај изложбата „Занаетчиството во Кавадарци низ историјата“, денешниот празник ќе биде одбележан и со отворање на изложбата на икони „Седумте Aрхангели“ од Стефан Малбашиќ, која е во организација на Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ и Локалната самоуправа на општина Кавадарци. Изложбата ќе биде отворена во 19 часот, по што ќе следува свечената седница на Советот на општина Кавадарци, на која меѓу другото ќе им бидат доделени седмосептемвриски награди на професор доктор Кирил Темков и компанијата ,,Инел Интернационал“.
По завршувањето на свечената седница, односно во 20 часот, на платото пред зградата на општина Кавадарци со голем целовечерен концерт пред кавадаречката публика ќе настапи Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП