Судот потврди дека на работниците без фиксни канцеларии мора да им биде платено времето поминато на патување до работното место и обратно.
Исто така, времето што работниците го трошат секој ден до месото на извршување на работните обврски и назад би требало законски да се вклучи во пресметаните работни саати.
Тоа би значело и дека претпријатијата што вработуваат лица што вршат услуги и поправки, како што се електричари, сервисери, негуватели, презентери, како и трговски патници треба да се прилагодат на новите правила и да им ги пресметаат часовите поминати во патување од едно место до друго, каде што вршат интервенции.
Европскиот суд за правда ја објаснува потребата за заштита на здравјето и безбедноста на работниците во согласност со Директивата на Европската унија за работното време. Пресудата на Европскиот суд се однесува на конкретен случај, односно на судска постапка што се водела во Шпанија против компанијата за безбедносни системи, „Тyco“.
0 comments:
Post a Comment