Wednesday, March 9, 2016

СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП ВО КАВАДАРЦИ И ВО РОСОМАН



Се намалува бројот на заболени од грип во Кавадарци и Росоман, информираше денеска доктор Ристе Јовановски од кавадаречкиот Центар за јавно здравје, кој посочи дека изминатата седмица имаат регистрирано 121 грипозно лице, за разлика од рекордот во една седмица кој сезонава изнесуваше 347 заболени од сезонски грип.

– Вкупната бројка на заразени со вирусот според нашата евиденција, сезонава изнесува 1.535. Минатата година во истиот период имавме 1.012 грипозни лица. Активноста на вирусот се намалува, а како и досега, најмногу на удар се оние на возраст од 15 до 64 години, појасни докторот епидемиолог.

Според Јовановски, кога се месечните бројки во прашање, оваа сезона, најмногу пациенти со грип се регистрирани во февруари.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП