Терминот се однесува и на пишана и на усна комуникација, како и некои форми на однесување на јавно место. Изминатиот период сведоци сме на ,, агресија на говор на омраза во спортот, нетрпеливост, дисквалификации, навреди, и сл.
Едно истражување на bezomrazno.mk ги покажа следните резултаи.
Според Вас во која мера секој од следните чинители е одговорен за постоењето на говор на омраза во спортот?
Како „главни виновници“ за постоењето на говор на омраза во спортот од најголем процент испитаници (88.2%) се посочуваат самите навивачи, следуваат политичките партии (69.9%), администраторите на интернет форумите (57.2%), спортските судии (52.0%) испортските новинари (51.3%). Половина од испитаниците (50.7%) сметаат дека одговорни за постоењето на говор на омраза во спортот се и спортските функционери – претседателите на клубови, понатаму 49.0% за „виновници“ ги сметаат и државните фукционери, 35.8% полицијата, 35.2% невладините организации и само 22.8% сметаат дека „виновни“ за постоењето на говор на омраза во спортот се спортистите.
Превземено од фејсбук профилот: https://www.facebook.com/lazar.nanev
ГОВОРОТ НА ОМРАЗА ВО СПОРТОТ. Каде сме и што ни се случува? Говор на омраза е термин кој означува говор чија намера е д...
Posted by Лазар Нанев on среда, 9 март 2016
0 comments:
Post a Comment