Во дуелот кој се одигра вчера во салата „Јасмин’’, а со кој беше комплетирано 19.коло во Првата македонска лига, актуелниот шампион МЗТ Скопје А. славеше победа со 88:96 по продолжение откако во регуларниот ден натпреварот заврши нерешено 83:83.
Најефикасен во победничката екипа беше Дамјан Стојановски со 20 постигнати поени, додека постигна по 17 постигнаа Немања Протиќ и Урош Луковиќ.
Кај домашниот тим најефикасен беше Карло Враговиќ со 20 поени.
Со оваа победа МЗТ Скопје се врати на врвот на првенствената табела со 34 бодови колку што има и второ пласираниот Карпош Соколи кој има и еден натпревар повеќе.
По овие екипи следуваат: Куманово 32 (19 одиграни натпревари), Фени Индустри 30 (19), Работнички 28 (19), Кожув 27 (18), Струмица 23 (19) и Бест 19 (19).
0 comments:
Post a Comment