Гроздоберчето Сара Ивановска, беше претставник на Општина Кавадарци, а воедно и единствен претставник од Македонија, покрај учесниците од Франција, Словенија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Литванија и Црна Гора. Медиумски покровител на фестивалот е Телевизија Црна Гора.
- Десетгодишната Сара минатата година за прв пат учествуваше на фестивалот „Гроздоберче“. Музикална е, многу харизматична и љубител на рокенрол музиката, а во Рожаје во најдобро светло ја претстави Македонија. Верувам дека таа ќе биде успешна и на 20-то јубилејно издание на фестивалот „Гроздоберче“ - ни рече Зоран Станоев, директор на фестивалот „Гроздоберче“.
Детскиот фестивал “Гроздоберче”, продолжува со своите активности, а воедно е закажана и аудиција за 20-ти по ред фестивал и избор на нови учесници за фестивалот.
Аудицијата ќе се оддржи на 19 март 2016 година (сабота), од 12 до 14 часот, во просториите на студио "Компакт Продукција". Право на учество имаат сите дечиња од цела Македонија.
0 comments:
Post a Comment