Вечерва официјално заврши првото коло во Првата македонска кошаркарска лига оваа сезона.
Во салата „Јасмин“ во Кавадарци, екипата на Фени Индустри убедливо со резултат 96:81 над Куманово.
Со 21 поен кај победниците најрасположен беше Ивеља (четири скока, три асистенции), го следеа Николовски со 16 (по четири скока и асистенции) и Враговиќ со 15 поени (пет скока, седум асистенции).
За поразените Луковиќ имаше блескава партија со 30 поени (12 скока), со 17 поени и девет скока се истакна Мандиќ, додека со 14 поени и три асистенции капитенот Костоски.
Интересен е податокот што во ова прво коло сите домашни екипи со висока разлика ги добија мечевите.
Прва лига, 1. коло
Кожув-Работнички 88:67
Карпош Соколи-Бест 113:62
МЗТ Скопје Аеродром-Струмица 100:48
Фени Индустри-Куманово 96:81
0 comments:
Post a Comment