Генералниот менаџер на компанијата "Градба промет" Никола Наумов, го истакнува своето задоволство што беше директно вклучен во изградбата на светиот храм во византиски стил кој го краси Кавадарци.
"Тоа за нас претставуваше едно ново и дополнително искуство, како на професионален, така и на духовен и верски план. Оставаме добар пример на црковна градба на сегашните и идни поколенија, пример кој што ќе сведочи за црковната култура, и вештината за градба, која била дел од нашето наследство", вели Наумов.

Црквата која кавадарчани го посветија на заштитничката на градот, света Петка ќе биде осветена в недела на 18 октомври.
Извор: ВЕЧЕР
0 comments:
Post a Comment