Откако граѓани раегираа дека имаат мака од кучињата скитници, се обративме во општата болница во Кавадарци за да прашаме дали често се сучува каснување од куче во Кавадарци.
На секои десет дена по едно каснување од куче во Кавадарци, ова е просекот на каснувања кој ни го соопштија од хирушкото одделение при општата болница во Кавадарци.
Главно каснувањата се на делот на рецете или нозете. Во најголем дел пациентите лесно поминуваат во лекувањето, но има и случаи кога се добива инфекција на раната па таа тешко зараснува.
Очигледно Градоначалникот и надлежните служби немаат слух кога се работи за сигурноста и безбедноста на граѓаните во нашиот град, па во прилог ви го цитираме нивниот незаинтересиран одговор за кој можете да се уверете и сами.
0 comments:
Post a Comment