Monday, September 7, 2015

ПОСКАПЕ КАВАДАРЕЧКИОТ ЃЕВРЕК



Славниот кавадаречки ѓеврек поскапе. Новата цена од 15 денари која се наоѓа поставена на ѓевречарските колички, ги изненади кавадарчани кои изутринава патувајќи кон своите работни места застанаа да го купат својот омилен појадок.

Од разговорот со дел од локалните ѓевречари, дознаваме дека нивните сопственици се решиле за ваков потег поради тоа што се зголемени трошоците кои што ги имаат. Од друга страна, освен купувачите, проблеми со новата цена имаат и продавачите на ѓевреци чии „математички знаења“, секојдневно ќе бидат ставени на тест.

Слична ситуација имаше и пред неколку години, но тогаш на барање на купувачите, но и на ѓевречарите беше одлучено да се намали тежината на кавадаречкиот ѓеврек за да се врати цената на традиционалните и лесни за пресметување 10 денари.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП