Thursday, September 3, 2015

ВИНАРИЈА ,,ТИКВЕШ,, ГО ОТВОРИ ПРВИОТ ДИГИТАЛЕН МУЗЕЈ НА ВИНОТО КАЈ НАС

По повод 130- годишната традиција во производство на вино, винарската визба „Тиквеш“ го отвори првиот дигитален музеј посветен на уметноста на создавање врвно вино во Македонија,објавува интернетпорталот А1ОН.мк

Дигиталниот музеј на „Тиквеш“ го сочинуваат фотографии и информации кои сведочат за големиот број значајни настани, луѓе, предмети и опрема за производство и консумација на вино, како и етикети, шишиња и примероци од вина кои се врежани во исклучително богатата историја на винарницата со најдолга традиција во Македонија и регионот.
Првиот дигитален музеј на виното во Македонија е поставен на интернет платформата Tumblr (Тамблр) која на посетителите им овозможува да објават и свои авторски фотографии од артефакти и настани кои на различен начин се поврзани со историјата на „Тиквеш“.
Елена Младеновска Јеленковиќ, маркетинг менаџер на ВВ „Тиквеш“, вели дека идејата за овој прв виртуелен музеј во земјава настанала спонтано, како резултат на нераскинливата врска што ја има „Тиквеш“ со долгата традиција на производство на вино во Македонија.
– Големото значење на „Тиквеш“ за развојот на домашната винска индустрија беше доволен мотив и предизвик за нас да ја започнеме оваа колекција на фотографии и информации што сведочат за уметноста на создавањето врвно вино на овие простори. Верувам дека голем број вљубеници во уметноста на правење и уживање во врвното вино, ќе ја збогатат колекцијата со тоа што ќе достават и свои фотографии кои сведочат за историјата на „Тиквеш“ и неговите вина, затоа што тие се составен дел од нашите животни радости“, вели Младеновска Јеленковиќ.
Содржините кои се дел од „Тиквешмузеј на вино“ се достапни преку интернет адресата:

http://tikvesmuzej.mk/


Пишува: Марјан Димитров

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП