Ванче Шиков |
– Сигурно дека многу работи зависат од нас, но мораме да кажеме дека Луксембург е поразлична екипа во однос на изминатите години. Одиграа неколку добри натпревари во квалификациите, вклучувајќи го и дуелот во Скопје. Тоа покажува дека напредуваат и дека утрешната пресметка нема да биде лесна. Свесни сме дека победата ни значи многу и верувам дека ќе ја оствариме. Добро трениравме, има добра атмосфера и се надевам дека тоа ќе го пренесеме на теренот, рече играчот од одбраната Ванче Шиков за интернет страницата на Фудбалската федерација на Македонија.
Селекторот на Македонија Љубинко Друловиќ поради повреди за дуелот со Луксембург не може да смета на Адеми, Силјановски и Костовски, додека поради суспензии ќе отсуствуваат Хасани и Димитровски.
Натпреварот Луксембург – Македонија почнува во 18 часот, а се игра на стадионот „Жоси Бартел“ во Луксембург. Судија на дуелот е Ли Еванс од Велс.
Пишува: Марјан Димитров
0 comments:
Post a Comment