Tuesday, August 18, 2015

„СМАРТ АВТОПАТИШТА“ ВЕЌЕ СЕ РЕАЛНОСТ ВО ХОЛАНДИЈА

Стотина километри југоисточно од Амстердам се наоѓа првиот интерактивен светлечки автопат, кој го осмисли холандскиот уметник и иноватор Дан Росегард.

Три сјајни зелени линии на секоја страна го осветлуваат патот во текот на целата ноќ. Холандскиот уметник и иноватор Дан Росегард во 2012 година заедно со холандската компанија Хеијманс инфраструкура го осмисли проектот ‘Smart Highway’, концепт на паметен светлечки пат кој ја зголемува безбедноста при возење во мрак и ја намалува потрошувачката на електрична енергија. Иако оваа замисла во тоа време делуваше доста футуристички, денес овој светлечки пат постои на автопатот N329, стотина километри југоисточно од Амстердам.

Светлината се добива на тој начин што ознаките на патот се исцртани со боја која содржи фото луминисцентен прав кој се полни во текот на денот, а во текот на ноќта испушта карактеристична зелена свелина. Ако светлината трае цели осум часа тоа би можело да доведе до укинување на уличните светилки кои се големи потрошувачи на електрична енергија.

Росегард смета дека е неверојатно колку милијарди се трошат на развој на автомобили, а патиштата целосно се занемаруваат.

Проектот за првпат е објавен во 2012 на холандската недела на дизајн и оттогаш помина низа тестови за да се оцени трајноста и корисничкото искуство.

Еве како е замислен овој концепт:



Трите светлечки зелени линии на патот сега значително ја зголемуваат видливоста и безбедноста, и значително го разубавуваат амбиентот за возачите кои патуваат во текот на ноќта.

Другите предлози во рамки на проектот Smart Highway вклучуваат апликација на боја која реагира на температура и која на возачите ќе им укаже ако патот е замрзнат, потоа интерактивни светилки кои се палат кога возилото ќе се доближи, како и “wind lights“ кои работат на база на воздух кој струи кога возилата помнуваат.

Интерактивното осветлување се контролира со сензори и се вклучува само кога има промет и затоа е одржлива алтернатива на континуираното осветлување кое троши многу повеќе енергија и пари.

Целиот пробен период од овој проект ќе го надгледува британската Агенција за автопатишта која особено е заинтеесирана да види како ќе функционира во текот на зимските месеци кога деновите се пократки. Треба да се види и колку е отпорна бојата на оштетување и колку долго ќе издржи на патот без поправка.

Ако се покаже како успешен и одржлив, “паметниот автопат“ во иднина би можел да се прошири во голем број други држави, а оваа технологија би можела да биде едно од решенијата за намалување на потрошувачката на електрична енергија.

Росегард порачува дека основната цел на овој проект е да направи одржливи и интерактивни патишта со користење на интерактивно осветлување и ознаки кои можат да се прилагодат на одредени сообраќајни услови.

(Извор- Poslovni.hr)

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП